Спасувачите три дена се обидуваa да го извлечат деветгодишното момче Хајдар, кое паднало во бунар длабок 25 метри, во Авганистан, но за жал соопштено e дека момчето починало. .
Момчето се заглавило на длабочина од 10 метри, а итната помош дење и ноќе била на терен со опрема неопходна за негово спасување, јавува CBS Njuz, а локалното население денеска за Би-Би-Си изјавило дека момчето повеќе не покажувало знаци на животот.
Helicopters are waiting to airlift Haidari to Kabul
One source says he has already been taken into the helicopter cabin pic.twitter.com/gsN4IdQ2d2— اسلامپال پښتون (@IslamPaal) February 18, 2022
Мондо.рс пренесува дека за жал момчето починало.
„Со голема тага објавуваме дека малиот Хајдар не напушти засекогаш“, напиша Анас Хакани, советник во Министерството за внатрешни работи.
Веста за авганистанското момче ги потсети сите на трагедијата во Мароко. Цел свет го следеше спасувањето на момчето Рајан (5) кое четири дена се бореше за живот во бунар длабок 32 метри во кој падна. Кога конечно го извлекле момчето од бунарот, набрзо следела најлошата можна вест – малото момче не преживеало и покрај сите напори на лекарите.
Извор: Мондо.рс