Бред Пит jа тужи Анџелина Џоли за продажба на заедничкиот имот во Франција – ММС
ММС

Објавено на: 02/18/22 10:53 AM

Бред Пит jа тужи Анџелина Џоли за продажба на заедничкиот имот во Франција

Бред Пит ја тужи Анџелина Џоли, затоа што таа го продала својот дел од францускиот имот на рускиот бизнисмен Јури Шефлер без негова дозвола. Пит обвинува дека незаконски го продала нејзиниот дел од нивниот француски имот Шато Миравал затоа што биле договорени ниту еден од нив да не го продаде својот дел од имотот, во кој се венчале во 2014 година, без согласност на другата страна.

Холивудскиот актер во тужбата тврди дека, иако лозјето во замокот станало „неговата страст“, ​​Џоли дрско го продала својот дел на рускиот бизнисмен Јури Шефлер без негова дозвола.

Во тужбата, поднесена во Високиот суд во Лос Анџелес, се вели: „Џоли продала дел од имотот без знаење на Пит, ускратувајќи му го правото на нејзиниот поранешен сопруг нему прв да му биде понуден… Таа го продаде својот дел, иако знаеше дека рускиот бизнисмен ќе се обиде да го контролира неговиот дел од имотот и на тој начин би била поткопана натамошната инвестиција на Бред во имотот Миравал“.

Љубовта кон грозјето и виното Пит ја претвори во мултимилионски бизнис.

И додека нивниот бурен развод конечно заврши, двојката сè уште е вплетката во судски процеси околу старателството над децата и нивниот заеднички имот.

извор: Avaz.ba