Млада Тиктокерка која само на оваа мрежа ја следеле преку 120.000 луѓе поради интересните содржини кои ги снимила, почина на 23-годишна возраст.
На социјалните мрежи позната како Дијана Де Марко, таа е родена во Пожега, каде учеше во Католичката гимназија, а последните години живее во Загреб.
Таа беше многу успешна на социјалните мрежи, па нејзините следбеници беа шокирани од оваа вест. Според мрежите, Дијана едноставно не се разбудила од сон.
Семејството и пријателите се уште немаат дадено никакви потврди во јавноста.
Нејзиното поранешно момче Паоло Фаници, попознат како Фазо, се прости од неа на социјалните мрежи.
„Сè што имам да кажам е дека животот е непредвидлив. Дека во животот се случуваат убави и грди работи. Едноставно, би сакал да и се заблагодарам на Дијана што ја познавав и што беше дел од мојот живот. Имам потреба да ви кажам и се ќе биде добро и јас да сум добро. Тажно е што младите си заминуваат од светот. Сите имаме свое време и ѝ благодариме за времето и моментите, спомените што ги живеев со неа. Почивај во мир“, напишал тој при своето обраќање.
Преземено од: https://mondo.rs/