(Видео) „Добар ли си сине“ – Дете (9) во Авганистан пропаднало во бунар, трае акцијата за спасување – ММС
ММС

Објавено на: 02/18/22 8:54 AM

(Видео) „Добар ли си сине“ – Дете (9) во Авганистан пропаднало во бунар, трае акцијата за спасување

Малиот Хајдар (9) се бори за живот, откако пропадна во бунар. Спасувачите во Авганистан се обидуваат да пронајдат деветгодишно момче во јужната провинција Забул.
Ова се случува за помалку од две недели,  откако сличен обид да се спаси дете од бунар во Мароко го привлече вниманието на светот, но за жал момчето Рајан беше пронајдено мртво, пренесува Б92.нет.


Локалните власти соопштија дека момчето било заробено на околу 10 метри, во окното од 25 метри. Според пишувањата на медиумите, тој е во состојба да ги движи рацете и горниот дел од телото.

https://www.youtube.com/watch?v=KFPZqHC9_eM&t=7s

„Добро ли си синко? Зборувај со мене и не плачи, работиме да те извадиме“, се слуша неговиот татко на снимката.

„Во ред, ќе продолжам да зборувам“, одговара момчето со тажен глас.

Видеото го снимиле спасувачи кои со јаже ја спуштале камерата низ тесен бунар.

„Таму има тим со брза помош, кислород и други неопходни работи“, напиша на Твитер Абдула Азам, секретар на вицепремиерот Мула Абдул Гани Барадар во владата предводена од Талибанците.

Спасувачите ископале отворен ров од аголот на површината за да се обидат да стигнат до местото каде што момчето било заробено.

Фото: Принтскрин