Штипјани набавете вода за пиење уште ден – два останува препораката за техничка употреба на водата од водоводот – ММС
ММС

Објавено на: 02/18/22 8:41 AM

Штипјани набавете вода за пиење уште ден – два останува препораката за техничка употреба на водата од водоводот

-Техничкото прилагодување на СКАДА системот, со кој се уредуваат параметрите на преработката на вода за пиење во филтер станицата во Штип, ќе потрае уште  ден – два, потврди за ММС директорот на ЈП „Исар“, Трајче Здравков.

Според тоа, останува препораката за техничка употреба на водата од водоводот и не е за пиење.

Инженерите на „Искра“ продолжуваат и денеска со работата на прилагодувањето на целиот систем, кој автоматски работи на преработка на водата, вклучувајќи го и хлорирањето, откако Штип се приклучи на ХС „Злетовица“, од каде во иднина ќе се снабдува со вода.

Водата од вчера е најбараниот продукт по штипските маркети, а според изјавата, така ќе биде и во викендот.

Општинската организација на Црвениот Крст објави дека ќе доставува пакувана вода до граѓаните кои се во изолација, додека за останатите граѓани на локации по определен распоред, ќе се постават цистерни, од каде ќе може да се наполни вода за пиење.