Пејачката Дара Бубамара често добиваше негативни критики на социјалните мрежи поради прекумерната употреба на фотошоп.
Таа сега објави серија фотографии на кои е непрепознатлива, што предизвика нов револт кај корисниците на социјалната мрежа Инстаграм.
Дара толку многу „заиграла“ во фотошоп што буквално го сменила личниот опис и со тоа започнала нова лавина од коментари.
„Да не прочитав кој ја објавил фотографијата, немаше да знам кој е на сликата“, „Жено, сега претера“, „Дара користи фотошоп како да чини многу“, „Даро, дури и твоето семејство не би те препознало“, се некои од коментарите под фотографиите што таа ја објави.
Дара неодамна изјави дека е повторно заљубена и дека нејзиниот избраник е богат, но и згоден.
– Не зборувам за него, но ако има женење, ќе прозборам. На краток период се преселив поради љубов, а потоа сите дојдоа во Нови Сад поради мене. Важно е да е убав, паметен и богат. (смеење) Важно е само да се случи хемијата, можеби мене ми е згоден, не е за некој друг – рече Дара во емисијата „Премиер“.
Извор: Телеграф.рс
Фото: Инстаграм, Марко Јовановиќ