Вчера во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во куќа во с.Нова Брезница, скопско., информира МВР.
Во пожарот куќата целосно изгорела, а внатре бил пронајден починат Ѓ.Т.(82) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
По наредба на Jавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.


