Во „мерцедес“ со бугарски ознаки пронајдени девет мигранти – ММС
ММС

Објавено на: 02/17/22 4:49 PM

Во „мерцедес“ со бугарски ознаки пронајдени девет мигранти

Вчера во 20.50 часот на автопат Гевгелија – Демир Капија, кај клучка Миравци, патничко возило „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, не сопрело на даден знак за запирање од полициски службеници.

Набргу потоа, возилото било пронајдено и при преглед во него биле пронајдени девет лица – мигранти (7 од Индија и по едно лице од Авганистан и од  Пакистан).

Мигрантите биле спроведени и сместени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“ -Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.