Одговорни сме да „пукаме“ со естетика кон кичот – Јовче Пандев со нов сингл – ММС
ММС

Објавено на: 02/17/22 3:43 PM

Одговорни сме да „пукаме“ со естетика кон кичот – Јовче Пандев со нов сингл

„Афродизија“ е насловот на најновото музичко парче на Јовче Пандев.  Текстот и музиката ги напиша тој, а зад аранжманот се потпишува Иван Петровски.

Младиот музичар оценува дека со своето автентично творење, всушност дава свој придонес во борбата против кичот

-Секоја генерација има своја борба и за среќа нашата не е во војна. Но, постои едно бојно поле каде што сме одговорни да „пукаме” со естетски издржани трудови, кон кичот и неговите ментори кој културолошки ги парализира генерациите кои допрва треба да станат возрасни и промислени. Во прилог на борбата овој труд е еден мал допринос – вели Јовче и додава:

-Бидете внимателни, лоша естетика има насекаде околу нас, порачува музичарот.

Спотот за неговата Афродизија погледнете го во продолжение: