Од утре скрининг на учениците во училиштата – Ковид протоколот за лекување обелоденет на сајтот на МЗ – ММС
ММС

Објавено на: 02/17/22 2:47 PM

Од утре скрининг на учениците во училиштата – Ковид протоколот за лекување обелоденет на сајтот на МЗ

Комисијата за заразни болести на денешната средба со новинарите посочи два битни моменти, кои се важни за справување со Ковид-19.

-Од утре се почнува со скрининг во основните училишта, бидејќи бројките се зголемени. Скринингот ќе се одвива во училиштата и родителите кои се согласуваат нивните деца да бидат тестирани, да знаат дека тоа ќе биде во училиштата, рече д-р Злате Мехмедовиќ, од Комисијата за заразни болести.

.Препораките за лекување на ковид-19 веќе се достапни на сајтот на Министерство за здравство. -Препораките или протоколите постојат, но имавме проблем, а од денес се обелоденети на сајтот.Тоа се препораки за лекување, не се протоколи. Овие препораки се веќе четврта или петта верзија на постоечки, кои во минатотот се користеле, но претрпеле промени. И ове препораки ќе претрпат промени. Немаат обврзувачки карактер, но од едно место да се црпат информации од релевантни извори. Препораките се наменети за лекарите и немаат обврзувачка законска сила. Не се однесуваат на општата популација, рече Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.