Во училиштата во САД за пет месеци имало 136 случаи на пукање и 26 убиени – ММС
ММС

Објавено на: 02/17/22 2:18 PM

Во училиштата во САД за пет месеци имало 136 случаи на пукање и 26 убиени

Во училиштата во САД меѓу 1 август и 31 декември 2021, според извештајот на „Евритаун фор Ган Сејф Груп“, имало најмалку 136 случаи на пукање, што е четири пати повисоки од просекот за исто толкав период, од 2013, откако организацијата ги следи престрелките во училиштата.

При престрелките загинале 26 лица, а 96 биле ранети, што е најголем број во петмесечен период од 2013 година наваму.„Ова беше убедливо најнасилна прва половина од учебна година во поновата историја“, рече Шенон Вотс од Евертаун.

Новиот извештај доаѓа речиси четири години по масовното пукање во средното училиште Марџори Стоунман Даглас во Паркленд, Флорида. На Денот на вљубените 2018 година, поранешен студент испукал повеќе од 100 куршуми за шест минути и уби 17 студенти и вработени и рани 17 други. Напаѓачот минатата година се изјасни за виновен по обвиненијата за убиство од прв степен. Но, судењето за изрекување на пресудата, кое може да резултира со смртна казна, неколку пати се одложуваше.

Според Центрите за контрола и превенција на болести, повеќе Американци починале од повреди од огнено оружје во 2020 година, отколку во која било друга година во историјата. Повеќе од половина биле самоубиства.

Децата и тинејџерите се особено погодени од зголемувањето на насилството со огнено оружје. Во 2020 година бројот на убиени деца се зголеми за повеќе од една третина во споредба со претходната година, според податоците од Архивата за насилство со оружје, непрофитна истражувачка група која користи комбинација од полициска статистика и медиумски извештаи. Налетот на насилства продолжи и во 2021 година, кога според архивите беа убиени повеќе од 1.500 деца, а повеќе од 4.000 беа повредени.

извор: novosti.rs