Утре штрајк на матичните лекари, ќе примаат само итни случаи – ММС
ММС

Објавено на: 02/17/22 2:33 PM

Утре штрајк на матичните лекари, ќе примаат само итни случаи

Утре Мој Термин нема да работи, а матичните лекари ќе примаат само итни случаи, најавија од Здружението на матични лекари. Од таму велат дека ова го прават во знак на револт поради игнорирањето од страна на Фондот за здравствено осигурување, дека не ги исполнува барањата на матичните лекари за покачување на капитацијата. Тие го споменуваат и покачувањето на минималната плата како уште една причина бидејќи дел матичните лекари  во помалите градови и рурални средини, неможат да ги исплатат сметките на електричната енергија на Здравствените деомови во државаа.

Претседателката на Здружението на матични лекари во Македонија, Д-р Лилија Чолакова Дервишова за утре најави средба со заменик министеро за здравство, а напоредно матичните лекари од цела Македонија и ќе излезат на протест.

„Протестираме затоа што цените се зголемија буквално на се, поточно на сите здравствени услуги вклучувајќи редовен сервис за фискални касни, годишен сервис за програмот, материјални трошоци како тонери, хартија, ампуларна терапија, сметки за струја, посебно за амбулантите што се концесионери на кои им стигнаа сметки за минатиот месец од 20 000 до 36 000 денари. Капитационениот бод не е воопшто покачен повеќе од две години и сеуште стои на 63 денари по пациент што е многу малку за да ги покриеме трошоците. И нашите барања се покачување на бодот или воведување на партиципација за секој преглед или влез во амбуланта“, вели анонимна матична лекарка за ММС.

Министертсвото за здравство ги мотивираше матичните лекари по со 30 денари за секоја вакцина, ваквата понуда остана, но матичните лекари не ги прифатија.

Матичните лекари се жалат дека и за време на пандемијата не добиле никаква финансиска помош од државата, ниту од општината, ниту за медицинската опрема, скафандери, маски, ракавици, визири, лекарите купуваа од свој џеб. А месечно се трошеа енормни количини на средстава за дезинфекција за лекарите и пациентите.

„Немавме протокол за работа, работевме со ковид позитивни пациенти, ги примавме без никаква заштита и не добивме никакво признание ниту награда овие две години. За разлика од јавното здравство кое што доби покачување на платие од минатиот месец. Иако ние бевме нонстоп достапни за ковид позитивните пациент, затоа што 15% од заразените завршја во болница, а другите 85% тестирани позитивни се лекуваа по матичните амбуланти“, додава анонимната матичка лекарка за ММС.

Г.Д