Македонскиот дипломатски синдикат реагира за моменталната состојба во македонската дипломатија велат дека синдикатот е затрупан од барања на медиумите за коментар за последниот случај на упатување генерален конзул во конзулатот во Њу Џерси.
„Застапувајќи ги принципите на професионалност и неопходноста од највисоки стандарди, МДС е на став дека ваквите злоупотреби и прекршувања на Законот за надворешни работи никогаш не биле, не се и никогаш нема да бидат вистинскиот пат за градење сериозна дипломатија“, стои во реакцијата на Македонскиот дипломатски синдикат.
Од таму додадваат дека уште веднаш треба да запре злоупотребата на оваа репрезентативна професија од страна на политички субјекти кои ја користат можноста за упатување несоодветни кадри на високи дипломатски и конзуларни позиции по секоја цена.
„Законот за надворешни работи прецизно ги пропишува условите за вакви упатувања, а неодамна донесениот Етички кодекс на Владата дополнително го насочува профилирањето на ваквите потенцијални кадри. Доколку истите не се почитуваат, се побргу ќе оди разградувањето на дипломатската служба, а натрапниците кои се само на краткотрајно поминување низ неа, исклучиво за личен бенефит и билдање на своите биографии, ќе бидат се побројни“, стои во реакцијата на МДС и повикуваат веднаш да престане омаловажувањето со дипломатската професија.