Повеќе од 28.000 Саудијки аплицирале за 30 работни места како машиновозачи, откако земјата им дозволи на жените да се занимаваат со оваа професија. Шпанската компанија „Ренфе“ објави дека за само еден месец по објавувањето на огласот, илјадници кандидатки се пријавиле да се возат со „возови со куршуми“ на линијата меѓу двете најсвети исламски места – Мека и Медина.
„Ренфе“ е одговорен за управување со брзата железница во ова арапско кралство. Кандидатите треба да биде на возраст од 22 до 30 години.
Околу 14.000 од нив ја поминаа првата фаза од тестовите, а возачите ќе бидат избрани по една година платена обука што започнува на 15 март.
Саудиска Арабија им дозволи на жените да возат автомобили во 2018 година, а да патуваат во странство без машки старател во 2019 година. Минатата година медиумите објавија и дека самците и разведените, како и вдовиците, може да живеат без машки старател или негова дозвола.
Иако во последниве години имаше нагорно поместување на полето на женските слободи, жените сè уште живеат под големи ограничувања во споредба со мажите.
извор и фото: RTS.rs