Анастасија на првиот настап во Париз ќе стави во џеб 15.000 евра! – ММС
ММС

Објавено на: 02/17/22 11:47 AM

Анастасија на првиот настап во Париз ќе стави во џеб 15.000 евра!

Анастасија Ражнатовиќ со години е на музичката сцена, објави неколку синглови и го најави својот прв албум, кој допрва треба да го види светлото на денот. Младата пејачка за прв пат ќе настапи на 12 март во Париз. Извор близок до пејачката, дошол до информација дека таа од овој настап ќе инкасира дури 15.000 евра!

Можеби на многумина им е чудно што Анастасија е толку многу платена, но реалноста е дека нејзината популарност е голема.

Како што објаснува изворот, Анастасија веќе подолго време добивала понуди за настапи во Србија. Но, тоа се уште не го одобрува нејзината мајка Цеца, која има големо искуство на музичката сцена, со објаснување дека таа „се уште не е доволно зрела“.
Самата Анастасија многупати истакна дека не сака да почне да настапува додека не го објави албумот, но сепак се предомисли.

Кога станува збор за настапот во Париз, таа подолго време преговара со организаторите. Како и светските ѕвезди, така и Анастасија, ќе ужива со бројни поволности, па ќе има на располагање приватен возач, луксузен хотел и други „ситни“ работи што ги сака.

Извор близок до пејачката посочува дека таа е многу возбудена поради првиот настап, но и дека е нервозна како се ќе помина и да се случи некоја грешка.

извор: 24sedam.rs

фото: Novosti.rs