Бугарскиот европратеник Ангел Џамбазки, познат по своите антимакедонски ставови, би можел да биде санкциониран откако употребил, како што изгледа, нацистичкиот поздрав во Европскиот парламент.
Фотографиите и видеото од Европскиот парламент, го обиколија светот на кои се гледа европратеникот како на заминување од дебата ја крева раката во поздрав, кој многу наликува на оној на нацистите. Повеќе европратениците го осудија потегот.
Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола рече дека „фашистичкиот поздрав во Европскиот парламент е неприфатлив за мене – секогаш и секаде.
– Тој гест е од најтемното поглавје од нашата историја и мора да се остави таму“, рече Мацола.
Џамбазки негираше дека упатил нацистички поздрав.
-На дебатата во ЕП ја изразив мојата поддршка за правата на европските граѓани. Почнав да се расправам со моите колеги во Домот. На излегување слушнав како претседавачот реагираше дека ја спречуваме да претседава со состанокот. Ја слушнав, се свртев и ја кренав раката во знак на согласност со неа и извинување што ја спречив да претседава со состанокот. Колешката ги сврте работите на таков начин – тоа го правеше и друг пат, не само за мене – што ги запали сите други. И бидејќи сите се многу фрустрирани и искомплексирани за фашизмот и нацизмот, тие се возбудија и почнаа да пишуваат на Твитер “, појаснува Џамбазки.
Мацола најави санкции за Џамбазки.
извор:агенции


