Фудбалерите на Ливерпул направија голем исчекор кон пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако вечерва во Милано го совладаа Интер со 2:0.
Двата гола беа постигнати во второто полувреме во период кога иницијативата ја имаше Интер. Најпрво Фирмино го отвори резултатот во 75. минута, а осум минути подоцна Мохамед Салах го постигна конечниот резултат.
На другиот вечерашен дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите, Салцбург и Баерн одиграа нерешено 1:1. Домаќините поведоа во 21. минута со голот на Жуниор Адаму, Баерн се спаси од пораз со погодокот на Кингсли Коман во 90. минута.
Реваншите се закажани за 8 март.
МИА
фото: MARCA