(Видео) „Антируска хистерија во САД не дозволува на објективност на ситуацијата со Украина“ -Русија ги повлекува војниците – ММС
ММС

Објавено на: 02/17/22 8:29 AM

(Видео) „Антируска хистерија во САД не дозволува на објективност на ситуацијата со Украина“ -Русија ги повлекува војниците

Руското Министерство за одбрана денеска објави видео на кое се гледа како војници и воена опрема на тенковската армија на Западниот воен округ се враќаат во своите бази по завршените воени вежби.

Руското Министерство соопшти дека тенковите и оклопните возила ќе поминат околу 1.000 километри со железница.

Западните земји вчера предупредија за зголеменото руско воено присуство на границите на Украина, што, како што тврдат, е спротивно на тврдењето на Москва за повлекување на војниците.

Актуелната антируска хистерија во САД не им дозволува на американските власти објективно да гледаат на ситуацијата околу Украина, соопшти руската Амбасада во САД.

– Посветивме внимание на изјавите на портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, дадени на 16 февруари во интервју за Си-Ен-Ен. Службеникот уште еднаш се обиде да ја обвини Русија за ширење дезинформации за ситуацијата во Украина, напиша амбасадата на својот Фејсбук профил.

– Очигледно е дека антируската хистерија во САД не им дозволува на американските колеги објективно да гледаат на работите. Самохипнозата за неизбежност на руски напад продолжува, додава амбасадата.

Руската Амбасада го повика американскиот Стејт департмент „да престане да ги поттикнува новинарите со милитаристички бес“ и да се фокусира на вистински важните прашања за постигнување „дипломатско решение на внатрешниот украински конфликт“.

МИА

Фото: Принтскрин