(ВИДЕО) На 80 години вежба и танцува – Ал Пачино снимен за време на утринско трчање во Беверли Хилс – ММС
ММС

Објавено на: 02/16/22 5:59 PM

(ВИДЕО) На 80 години вежба и танцува – Ал Пачино снимен за време на утринско трчање во Беверли Хилс

Ал Пачино е снимен деновиве во Беверли Хилс за време на утринско трчање. 81-годишниот актер слушал музика преку слушалки и танцувал.

Снимката од расположениот актер набрзо се прошири на социјалните мрежи. Многу фанови напишаа дека би сакале да бидат толку витални на негова возраст.

„Крал! Ал Пачино е жива легенда“, „Сакам да бидам како Ал Пачино. Имај успешна кариера, биди богат и трчај на 80 години“, „Тешко ми е дури и да објаснам колку бев возбуден од видеото на Ал Пачино како танцува“, „81 „Би сакал да ја имам твојата енергија“, „Ма Ал Пачино е најдобар“, се само дел од коментарите на Твитер.

 

Актерот откако наполни 80 години изјави дека има сила за работата и дека нема намера да се откаже, пренесува Индекс.

“Она што ме прави среќен е мојата желба. Да имам апетит за било што, за работа, за живот. Тоа е желбата која понекогаш го победува самиот талент”, вели тој во едно интервју.

 

Последниот филм во кој можеме да го видиме познатиот актер е „House of Gucci“, а оваа година треба да излезе филмот Кралот Лир, во кој Пачино ја има една од главните улоги.

Извор: Дневник.ба