Ќе се намалат цените на роамингот помеѓу Македонија и Грција – ММС
ММС

Објавено на: 09/9/18 10:32 AM

Ќе се намалат цените на роамингот помеѓу Македонија и Грција

Поефтин телефонски разговор помеѓу Македонија и Грција, односно наесен се очекува да се намалат цените на роамингот помеѓу овие две земји, вака информираше министерот за информатика и администрација Дајмјан Манчевски, по средбата со неговиот грчки колега Никос Папас на Меѓународниот саем во Солун, соопшти владината прес служба.

„На средбата со грчкиот колега, министерот Папас, ги продолживме разговорите за потпишување договор меѓу двете држави за намалување на цените во роаминг за нашите граѓани. Како заклучок од средбата со задоволство можам да кажам дека во текот на септември ќе објавиме и конкретен договор за почнување на процесот за намалување на цените во роаминг“, изјави Манчевски.