Корисниците на Интернет со денови се шегуваат за белата маса долга шест метри на која седеа рускиот претседател Владимир Путин и неговиот француски колега Емануел Макрон за време на состанокот во Москва минатата недела, а вчера Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесува The Telegraph.
Со оглед на тоа што Путин седеше на едната страна од масата, а Макрон на другата страна, некои нивната средба, која секако беше доста сериозна поради моменталната тензична ситуација на руско-украинската граница, ја претворија во хумористична игра на пинг-понг, додека други забележаа дека на масата има место за сите учесници на Тајната вечера.
Ренато Полоња, столарот што го направи, изјави за Телеграф дека го забавуваат шегите за масата што ја направил пред 25 години за претходникот на Путин, Борис Елцин, и дека се надева дека масата ќе донесе среќа во преговорите меѓу Западот и Москва.
-Ја препознав штом ја видов. Бев горд. Секогаш сум емотивен кога гледам дека мојата работа е дел од нешто важно – рече Полоња и додаде:
“Шегите беа навистина смешни. Очигледно масата остави впечаток. Видов како некој прави клацкалка од неа, што беше урнебесно. Некои ставија шипки за танцување на неа и го претворија во стриптиз клуб. Мислам дека може да се каже дека ја поттикнува креативноста“.
The long table at which Putin and Macron sat during the talks in Moscow became an occasion for many mimes and the subject of jokes. pic.twitter.com/0btLBFJNJN
— Spriter (@spriter99880) February 8, 2022
In recent talk between Russian President Putin and French President Macron, main subject was, who will win in table game!
Many observers were questioning the size of the table, for the meeting! pic.twitter.com/Ba6A2YM6C5— SEICO-OSINT (@SeicoIntel) February 9, 2022
Will Putin and Macron do face painting after? #Ukraine #pointless #lipservice pic.twitter.com/hi9agrWzmZ
— Tarquin (@Tarquin_Helmet) February 7, 2022
— Spriter (@spriter99880) February 8, 2022
Полоња рече дека ја направил масата додека работел на проект за една од четирите палати на Кремљ од 1995 до 1997 година. Столарот вели дека безбедносните мерки биле строги.
– Влеговме во палатата со пропусници. Парчињата дрва беа скенирани и не ми дозволија ништо да фотографирам – изјави Полоња, раководител на столарската компанија Oak (хрватски даб) лоцирана во северна Италија.
Владимир Путин и Олаф Шолц се сретнаа на големата бела маса на 15 февруари.
Како што рекол столарот во интервју за весникот „Кориере дела сера“, даската била направена од едно парче и била многу тешка за работа.
Полоња рече дека ваква маса денеска ќе чини околу 100 илјади евра, а истакна дека изработувал и мебел за арапските шеици и малезиските султани.
Зборувајќи за руско-италијанската трговија, да потсетиме дека Путин на својот пријател Силвио Берлускони му подари брачен кревет. Ескорт дамата Патриција Д’Адарио еднаш рече дека имала секс со Берлускони токму на тој кревет.
„Ние воопшто не спиевме таа ноќ“, рече Д’Адарио за време на телефонскиот разговор со посредник. Безбедносните служби го снимиле разговорот, а снимката на крајот завршила во медиумите.
Преземено од: https://www.jutarnji.hr/