При денешната посета на американскиот сенатот Рон Џонсон, тој ги повика сите македонски граѓани да излезт да гласаат на референдумот на 30 -ти септември, бидејќи Договорот од Преспа е единствениот начин Македонија да влезе во НАТО.
Тој утринава имаше средба со премиерот Зоран Заев во Владата, Рон неколку пати потенцираше дека важно е граѓаните да излезат да гласаат без разлика дали го поддржуваат договорот или не.
„Исклучително важно е за Македонија и Грција да го решат спорот за името. Имаме двајца храбри лидери, двајца премиери, кои се најдоа во тешка позиција. Ние сигурно сакаме да го поддржиме решението на овој проблем и тоа е единствениот начин Македонија да влезе во НАТО. Би сакал Македонија да стане 30. членка на НАТО. Тоа е многу важно за НАТО и за безбедноста на балканскиот регионот и на Македонија. Ги охрабрувам сите Македонци да излезат да гласаат на референдумот, без разлика дали се согласуваат или не со договорот, мора да излезете да гласате и да им покажете на вашите лидери што чувствувате. Неверојатно важно е да излезете да гласате“, изјави Џонсон.
Републиканецот од Висконсин е претседавач на Поткомитетот за европска и регионална безбедносна политика во Сенатот и пред да дојде во Македонија беше и во Грција. Минатиот месец, тој во Сенатот предложи резолуција за поддршка на Договорот од Преспа.
Сенаторот Џонсон дојде во Скопје непосредно по посетите на германската канцеларка Ангела Меркел, австрискиот канцелар Себастијан Курц и Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во пресрет на референдумот за името на 30 септември.