„Премиере, знаете ли уште некој кој се вратил од странство за 18.000 плата“, беше прашан Ковачевски – ММС
ММС

Објавено на: 02/16/22 1:28 PM

„Премиере, знаете ли уште некој кој се вратил од странство за 18.000 плата“, беше прашан Ковачевски

Се уште се зборува за Полико Авдиу, шивач во компанијата „Текстил Солушн“, кој по  посетата на премиерот Димитар Ковачевски,  кажа дека минималната плата од 18.000 денари, можеби е мала, но доволна за скромен живот, а среќата му донела исти работни услови како во Германија од која се вратил после 18 години.

Ова предизвика лавина коментари на Социјалните мрежи, а шегата на ова тема уште трае.

Исто прашање од новинарите доби и денес премиерот при посета на  производствениот погон на компанијата „Текспорт“ во Илинден, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

„Дали во оваа фирма има некој од Германија или Швајцарија што се вратил за 18.000 плата“, го прашаа премиерот, на што тој смирено одговори:

-Да бидам искрен не знам, разговарав со директорката и дел од вработените  во некои од погоните, но не разговаравме за тоа кој од каде потекнува и кој каде бил во својата професионална кариера пред да биде вработен во оваа компанија, рече смирено Ковачевски.

ММС

Фото: Принтскрин