Барањето на коморите да се разгледа и измени Законот за работни односи со кој е превидено недела неработен ден, премиеро Димитар Ковачевски вели дека законското решение за недела неработен ден е донесен низ дијалог и инклузивен процес на стопанските комори, другите асоцијации на деловната заедница и Министертсвото за труд и социјална политика во рамки на економско социјалниот дијалог каде што учествуваат и економските ресори од Владата. Ваквото законско решение кое веќе се спроведува вели тој со текот на времето ќе се анализира за да се видат ефектите од неговаа имплементација, и доколку е потребно ќе биде анализирано со стопанските комори и со другите учесници во социјално економскиот дијалог.
„И кога ќе се изнајде дека можеби во некој дел бил направен пропуст на некоја дејност за која што е неопходно да работи во недела затоа што тоа технолошкиот процес тоа го налага тогаш може да се пристапи кон одредено усогласување на законското решение. Меѓутоа недела неработен ден е решение кое што е за работниците и тоа силно го поддржувам. Јас сум на страната на работниците, јас сум работел и во фабрика, сум бил менаџер, сопственик и знам колку е значајно за работниците да бидат заедно со своите семејства бидејќи можат на тој начин можат подобро да ги воспитуваат децата и да им се посветат на нив барем еден цел ден во неделата“, изјави Ковачевски на новинарско прашање.
Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска вели дека недела неработен ден е наша реалност. Таа истакна дека од 15 ти месецов Државниот инспекторат за труд ќе има интезивни надзори кај сите оние работодавачи кои согласно закон може да работат во недела.
„Надзорите ќе се прават до крајот на месецот, и тогаш ќе имаме соопштение, како и месечен извештај за почитување на законското право за исплата на 50% поголеми дневници за сите оние работодавачи кои согласно закон се во оние дејности кои имаат право да работат во недела. Извештајот ќе биде објавен јавно на веб страницата на Државниот инепкторат за труд, сите граѓани може да го видат да се информираат каде не е исплатено, односно каде е прекршен законот а кои работодавачи ја исполниле законската обврска за исплата на плата согласно измените на Законот за работни обврски“, рече Тренчевска.
Г.Д