Среде тековните контроверзи околу хиџабот во југозападната индиска држава Карнатака, конгресниот лидер Замир Ахмед во неделата изјави дека „голем број на силувања се пријавени во Индија бидејќи жените не носат хиџаб“.
– Хиџабот служи за да се сокрие убавината на жените, тие се силувани кога не носат хиџаб – изјави Ахмед на прашањето, што мисли за изјавата на гувернерот на Керала, Ариф Мухамед Кан, дека „хиџабот не е суштински за Исламот“.
– Не разбирам зошто тој (Ариф Мухамед Кан) кажа нешто такво за исламот. Можеби нема жена или девојка во куќата. Не сум сигурен. Да има женско лице во куќата, ќе знаеше – додал Ахмед, пренесува Тајмс оф Индија.
– Хиџабот ја штити убавината на девојката, ја крие. Денес во Индија, верувам, имаме највисока стапка на силување. Која е причината за тоа? Токму затоа што жените не ги крие хиџабот – заклучил тој.
Пред неколку дена, контроверзна изјава имаше и друг функционер од Карнатака, кој рече дека „бројот на случаи на силување расте бидејќи одредени фустани што ги носат жените ги возбудуваат мажите“.
За потсетување, според Индиското национално биро за евиденција на криминал, повеќе од 28.000 случаи на силување на жени биле пријавени во 2020 година – по еден на секои 18 минути. Експертите веруваат дека реалната бројка е многу поголема бидејќи многумина остануваат непријавени поради страв.
извор и фото: Espreso.co.rs