Голотијата не се исплати секогаш – Мажоретка во НФЛ доби отказ преку мејл поради нејзините слики на интернет – ММС
ММС

Објавено на: 02/16/22 10:50 AM

Голотијата не се исплати секогаш – Мажоретка во НФЛ доби отказ преку мејл поради нејзините слики на интернет

Кристин Елис, девојката која изминативе години беше чирлидерка на Индијанаполис Колтс во НФЛ од следната сезона нема да игра покрај теренот затоа што доби отказ преку мејл. Како што се претпоставува, причина за отказот се фотографиите кои се појавија на интернет, а кои за волја на вистината не се ни обиде да ги сокрие.

Поради ригорозните правила кои ги имаат клубовите во најпопуларниот спорт, американската фудбалска НФЛ лига, девојките кои танцуваат или навиваат покрај теренот не може да се занимаваат со позирање без облека, а Кристин Елис била свесна дека поради својата грешка добила отказ, пет години откако основала бизнис на еден од најпопуларните сајтови за возрасни „OnlyFans“ кој е одличен извор на заработувачка.

Таа на социјалните мрежи не крие дека преку платформата продава голи фотографии и снимки, но проблемот настанал кога некои од тие видеа си го нашле патот и до платформата „Reddit“.

– Сакав да бидам дел од натпреварите и близу до случувањата  на теренот. Но, сакав и да играм и навивам за еден од моите омилен тимови на светот. Сега сум скршена. За жал, НФЛ е многу конзервативна и не им дозволува на девојките да позираат голи. Сега цело работно време ќе го посветам на она што ми дава слобода и ми нуди да бидам креативна – изјави Кристин по отказот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristin Elise (@kristineliseofficial)

Извор: Mondo.rs

Фото: Instagram