Пердасдефого – село со 534 стогoдишници на Сардинија – ММС
ММС

Објавено на: 02/16/22 10:37 AM

Пердасдефого – село со 534 стогoдишници на Сардинија

Виторио Лаи, со прекар „Пиштол“ и денес е успешен возач и ловец на диви свињи, иако во саботата наполни 100 години. „Пиштол“ е само еден од стогодишниците кои живеат во Пердасдефого – зафрлено планинско село на италијанскиот остров Сардинија.
Нему наскоро ќе му се придружи уште една стогодишничка – Пауча Лаи. Со прославувањето на роденденот на неговата сопруга, во ова место со вкупно 1.765 жители – десетмина ќе имаат над 100 години. На цела Сардинија, пак, вкупно 534 луѓе имаат 100 години и повеќе.
Но, Општината Пердасдефого е единствена по еден критериум – бројот на стогодишници во населено место со неговата големина е 16 пати поголем од националниот просек.
– Присуството на 100-годишници ја потврдува исклучителната посветеност на жителите на Пердасдефого и ги поместува границата подалеку, рече Луиза Саларис, професор по демографија од Универзитетот на Каљари.
Пердасдефого славата ја стекна во 2012 година, кога семејството Мелис, од девет браќа и сестри, влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстари живи браќа и сестри во светот, со вкупно 818 години. Најстариот забеележан жител на градот е Консолато Мелис, најстариот од нив, кој почина 2015 година, на 108-годишна возраст.
Антонио Брунду, кој в март полни 104 години, е најстариот жител.
Целиот град вообичаено се собира за да го одбележи 100-от роденден на еден жител, но поради ограничувањата предизвикани од пандемијата на коронавирусот, Лаи прослави само со ручек за семејството и пријателите. Тој истакнува дека има направено стотици работи и имал доста исполнет живот.

МИА