До крајот на месецот цените на основните прехрамбени производи остануваа замрзнати, министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес конференција исткана дека по средба со засегнатите страни ќе донесат одлука за нова мерка. Тој потенцираше дека со најверојатно ќе има дефинирање на одредени маржи во трговијата и на мало и на големо.
„Во однос на продолжување на мерката веќе се при крај сите анализи во секторот трговија и во со соработка со другите економски ресори во Владата. Оваа и наредната недела ќе имаме директни средби со сите засегнати страни, посебно производителите и трговците со прехрамбените производи, тие производи кои се наведени во одлуката за замрзнување, за да најдеме начин се со цел да нема зголемување на цените. Најверојатно ќе се оди со дефинирање на одредени маржи во трговијата и на мало и на големо, имајќи во предвид дека во дел од производите што ги произведуваме домашно секако дека таму може да се интервенира. Но ние сме забележале дека и тие производи кои што се увезуваат во нашата држава кај нив има поголемо зголемување на цените, затоа најверојатно ќе се оди на опцијата на маржите“, вели Бектеши.
Г.Д