Верувале или не: Само10 денари месечен хонорар земале новите хонорарци во Општина Тетово – ММС
ММС

Објавено на: 02/15/22 10:27 PM

Верувале или не: Само10 денари месечен хонорар земале новите хонорарци во Општина Тетово

Новата локална самоуправа склучила договори со осум лица за декември 2021  година, а договорот за месечниот ангажман е во износ од само 10 денари.

Ова вечерва го објавија општинските власти на својата официјална фејсбук страница

-Општина Тетово, залагајќи се за максимална транспарентност кон јавноста, го објавува списокот на  договори на дело склучени со Општина Тетово за месец декември 2021 година. Има вкупно осум доброволни договори од по 10 денари. Овие лица се дел од кабинетот на актуелниот градоначалник.Овие договори се склучени меѓу физички лица и Општина Тетово, се вели во објавата, но исто така и известија дека овој тренд на транспарентност ќе продолжи тековно и сите договори на дело ќе се објавуваат секој 3-ти месец на веб-страницата на општината и на официјалната страница на општина Тетово на Фејсбук, соопштија од локалните власти.

Зошто е одлучено договорите да бидеат склучени на само10 денари и зошто  новите хонорарци одлучиле да работат за без пари  ММС побара дополнителни информации од Општина Тетово.

-Се работи за доброволци кои практично волотнерски работеа во општината и мораше да има некаква сума, а сумата од 10 денари ја одредивме со цел да не ја завршуваме годината со дополнителни трошоци, знаејќи во каква финансиска состојба се наоѓа Општина Тетово, односно со големи долгови. Сите договори кои во иднина ќе се потпишат ќе бидат јавно објавени и нема  да бидат од 10 денари, додадоа за ММС од Општина Тетово

Општина Тетово на мината недела на својата официјална фејсбук страница соопшти дека претходната локална самоуправа склучила вкупно 812 договори на лицата кои донеле извештај за сработеното, а согласно нивниот договор ќе им бидат исплатени преостанатите плати, оние кои не испратиле извештај за сработеното ќе им биде испратено известување за враќање на добиените средства согласно потпишаните договори, истакнаа општинските власти.

Оттаму додадоа дека станува збор за договори склучено со вкупно 544 лица, од кои 250 лица донеле извештај за сработеното согласно договорите, додека 244 лица немаат донесено извештај.

Зоран Димовски