Уживам да го покажувам мојот стомак, тоа е бебе – Ријана ја критикуваат за голиот труднички стомак – ММС
ММС

Објавено на: 02/15/22 10:08 PM

Уживам да го покажувам мојот стомак, тоа е бебе – Ријана ја критикуваат за голиот труднички стомак

Откако доби остри критики за нејзиниот стил на облекување уште од бременоста, што често вклучува и покажување на гол стомак, Ријана одговори дека нејзиниот препознатлив стил и помага да се чувствува подобро велејќи: „Кога изгледаш добро, се чувствуваш добро“.

Бремената планетарна ѕвезда го прифаќа своето тело кое постојано се менува, а притоа останува доследна на себе и на својот стил на облекување, изјави таа на настан во Лос Анџелес.

Таа го карактеризираше и како забавно и предизвикувачко да го покаже својот еклектичен стил додека е бремена.

Пејачката зборуваше за магазинот „People“, и рече дека и се допаѓа промената, како и дека ужива во неа.

“Уживам да не се грижам за покривање на мојот стомак. Ако се чувствувам малку буцкасто, не е важно. Тоа е бебе!”, објасни таа.

Таа додаде дека модата и дала голема самодоверба додека се подготвува да стане мајка за прв пат.

„Додека си бремена, само неколку дена чувствуваш: „Само сакам да лежам овде на овој кауч цел ден“. Но, кога ќе ставите малку пудра и малку кармин, се трансформирате“, рече таа.

Таа објасни дека кога се облекувате и изгледате добро, во исто време се чувствувате добро.

„Толку пати сум го слушнала, но тоа е вистина. Навистина може да те крене од каучот и да направи да се чувствуваш подобро“, додаде таа.

Ријана го очекува своето прво дете со момчето, раперот АСАП Роки, што неодамна го откри покажувајќи го веќе големиот стомак под раскопчаната долга розова јакна.

Подоцна беше видена како го покажува трудничкиот стомак во џемпер со врвка, поради што беше особено критикувана.

Извор: Курир.рс

Фото: Профимедиа