Сообраќајот на патот Прилеп-Градско во целосен прекин поради сообраќајка – ММС
ММС

Објавено на: 02/15/22 8:07 PM

Сообраќајот на патот Прилеп-Градско во целосен прекин поради сообраќајка

Сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Градско и обратно е во целосен прекин веќерва од 17.55 часот поради сообраќајна незгода кај ресторанот „Ловец“, информираат од Автомотозојузот на Македонија.

Воедно, од таму најавуваат дека утре на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11 и 14 часот во времетраење од 10 – 15 минути поради изведување градежни работи на патот со минирање.

МИА