Пале е слободна, но се плаши за својот живот, рече адвокатот на девојката која беше ослободена од обвинението за убиство на невенчаниот сопруг – ММС
ММС

Објавено на: 02/15/22 2:18 PM

Пале е слободна, но се плаши за својот живот, рече адвокатот на девојката која беше ослободена од обвинението за убиство на невенчаниот сопруг

Адвокатот на Павлина Иловска, Димитар Петрулев пред велешкиот суд рече дека Судот донел правична одлука со тоа што ја ослободил девојката од обвинението за убиство на миг затоа што таа го сторила делото во самоодбрана.

– Имавме правично и фер судење врз основа на исте изведени докази во целина и судот донесе правична одлука. Со ваквиот потег на судот, охрабрувачки, се докажа дека член 9 од Кривичниот законик не е само паушачно наведен на законот, туку дојде до примена на истиот – истакна Димитар Петрулев, адвокат на Павлина.

Таа имаше закани по својот живот од колега на починатиот полицаец кој имал историја на насилство. Со оглед на тоа дека таа беше во куќен притвор, адвокатот само усмено пријавил во МВР.

Запрашан дали Пале се плаши за својот живот, адвокатот кратко одговори:

– Се плаши за својот живот, да.

Хелсиншкиот комитет за човекови права ја поздрави одлуката на Основниот суд Велес да ја ослободи Пале Иловска од обвинението за убиство во миг. Водејќи се од изнесените докази на главната расправа, судот констатираше дека делото е направено во нужна одбрана и ја потврди оправданоста на нашите залагања за промена во обвинението, поради историјата на насилство во овој случај.

Комитетот и понатаму ќе ја следи постапката и ќе бара одговорност од полициските службеници од СВР Велес, кои со своето непостапување по пријави за семејно насилство, грубо ги прекршиле своите законски овластувања и овозможиле ескалација на насилството.

Во вчерашното сведочење, Иловска изјави дека до неа стигнале информации дека колега на починатиот полицаец сакал да ја одмазди неговата смрт. Апелираме до јавното обвинителство веднаш да покрене постапка по допрен глас и да превенира понатамошно насилство врз една долгогодишната жртва, која не добила заштита од институциите.

О.К.

фото: принскрин батали.нет