„Го посрамивме Запад без испукан куршум“- Захарова за повлекувањето на војската од границата со Украина – ММС
ММС

Објавено на: 02/15/22 2:23 PM

„Го посрамивме Запад без испукан куршум“- Захарова за повлекувањето на војската од границата со Украина

Министерството за одбрана на Русија објави снимка на која се гледа, како што тврди, дека дел од руските војници се повлекуваат од пограничната област со Украина. Руската агенција РИА Новости објави видео на кое се гледа како тенковите се движат преку замрзнатото тло кон базите. Според МО, тие војници „успешно ги завршиле вежбите“, но големите воени вежби продолжуваат.
По објавувањето на оваа вест, се огласи и портпаролката на руското МНР, Марија Захарова. Таа на Телеграм напиша дека денеска е „денот кога пропадна западната воена пропаганда“.
„15 февруари 2022 година ќе остане во историјата како ден кога пропадна западната воена пропаганда. Тие беа посрамени и уништени без ниту еден испукан куршум“, рече таа.
Изјава даде и портпаролот на Кремљ Димитри Песков, но сп поумерена поирака. Тој потврди дека армијата се повлекува, наведувајќи дека тоа е „нормален процес“, а потоа повторно ја осуди западната „хистерија“, предупредувајќи на претстојната руска инвазија на Украина.
„Од почетокот рековме дека по завршувањето на воените вежби армијата ќе биде вратена во касарната. Токму тоа се случува сегас“, рече Песков.
Од друга страна, Киев е скептичен за веста дека дел од руските војници се повлекуваат. Како што рече министерот за надворешни работи, Димитро Кулеба, „ќе веруваат во тоа кога ќе го видат“.
„Кога ќе го видиме повлекувањето, ќе веруваме во деескалација“, рече тој.
Еден ден претходно, украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека според информациите од Киев, САД и други западни земји, датумот на нападот би можел да биде 16 февруари. Но, тој не сакаше да открие кој му дал такви информации.

извор: Nova.rs