Велешанката Павлинка Илоска од Велес е ослободена од обвинението за убиство на миг и пуштена од домашен притвор. Судот донесе ослободителна пресуда за Пале која во самоодбрана го уби својот невенчан сопруг А.Р кој беше полициски службеник.
Таа вчера се изјасни за невина пред Судот на стартот од судењето во кое таа е обвинета за кривично дело – убиство на миг.
Пале рече дека не се чувствува виновна бидејќи го убила својот невенчан сопруг во самоодбрана при состојба на раздразнетост како последница на семејно насилство.
„Обвинетата, на 29.09.2021 година, во семејната куќа во која живеела, доведена без своја вина во состојба на силна раздразнетост како последица на семејно насилство, го лишила од живот на миг сега починатиот А.Р. со кого живеела во вонбрачна заедница.
Откако се вратиле дома од гости, А.Р. во видно алкохолизирана состојба започнал вербална расправија со обвинетата, нарекувајќи ја со најпогрдни зборови. Таа влегла во спалната соба и легнала да спие, но тој дошол до неа, ја фатил за пижамата и со неа ја влечел до кујната, удирајќи ја со тупаници по главата, увото и левото рамо, како и со клоци по левата натколеница. Потоа силно ја фатил со раце во пределот на вратот да ја дави.
Таа беше во домашен притвор и живее во куќата во која се случи немилиот настан без греење и покуќнина затоа што куќата беше ограбена додека Пале беше во затворски притвор.
фото: принтскрин батали.нет