(видео) Фатен во швалерација избегал низ прозорец по гаќи, едвај спасил глава – ММС
ММС

Објавено на: 02/15/22 10:34 AM

(видео) Фатен во швалерација избегал низ прозорец по гаќи, едвај спасил глава

Видео кое стана хит и би било секогаш актуелно на Денот на вљубените. Сцената е објавена на канал насловен како „Зошто мажите живеат пократко“, а на неа се гледа како еден маж бил фатен во прељуба. Очигледно ниту тој, ниту дотичната госпоѓа, немале на ум дека сопругот ќе се врати дома порано истиот ден.
Несреќниот човек морал брзо да побегне од станот и се задржал на ивицата од прозорецот, облечен само по гаќи. На видеото се гледа како во еден момент мажот изгубил контрола и сила во рацете и паднал од вториот кат, Падот, за среќа, бил ублажен со комбе, паркирано веднаш до зградата.
Минувачите едвај чекале да го снимат и да го пренесат на социјалните мрежи.

Не е наведено кога е направено ова видео, ниту точната локација. Не се знае ниту тежината на повредите на овој љубовник, но се чини дека не е тешко повреден.

Но, тоа не влијаело на големиот број на прегледи, саркастични коментари на Денот на вљубените и забава за оние кои за среќа не се нашле во кожата на дотичниот господин.

 

 

Извор: espreso.co.rs