Шест знаци со кои ви вели дека ве сака, без зборови – ММС
ММС

Објавено на: 02/15/22 9:53 AM

Шест знаци со кои ви вели дека ве сака, без зборови

Можеби вашиот партнер „ве сака“ и не зборува со вас многу често, но има некои други начини со кои може да ви изрази љубов. Иако мажите му припаѓаат на „посилниот пол“, тие знаат и на многу романтичен начин – и без ниту еден збор да покажат љубов и топли чувства.

Мали знаци на внимание

Ако вашата сакана личност често ви носи разни ситници како вашите омилени бонбони, букет цвеќе или некои намирници кои сте ги спомнале дека треба да ги купите, знајте дека сте го освоиле неговото срце и дека често сте во неговите мисли и се грижи за вас. Тоа е нешто што не смеете да го занемарите.
Остава слобода на избор
Ако ви остави вам избор на ресторан, филм или место за излегување, тоа не значи дека не му е грижа и дека не е заинтересиран. Напротив, на овој начин ви покажува колку му е важно вашето задоволство. Или едноставно кажано, тој е среќен штом сте среќни вие.
Ви се јавува пред спиење
Ако ви испрати порака или ви се јави веднаш штом се разбуди наутро и непосредно пред спиење, знајте дека цело време сте во неговите мисли. Ова е типичен машки индикатор за тоа колку мисли за вас и колку ве сака.
Покажува интерес за она што вас ве интересира
Оди со вас во театар, иако тоа воопшто не го интересира, „дреме“ во продавниците додека вие барате совршените чевли, со вас чека наутро во градот за да ги видите првите зраци на сонце и да направите совршена фотографија. Што и да прави иако не го интересира, знајте дека тоа го прави од љубов кон вас. Да не му беше грижа, одамна ќе им се придружеше на момците со пиво и фудбал.
Ви дава мали бакнежи
Не мора секој бакнеж да биде експлозија на страст и да доведе до секс. Понекогаш тие мали, брзи, несмасни, лежерни бакнежи значат најмногу. Можеби вашата сакана не е љубител на покажување интимност, но повремените бакнежи во челото, вратот или образот додека спиете се показател дека тој искрено ве сака.
Се грижи за вас
Без разлика дали сте во неволја, тажни поради нешто или едноставно нерасположени, тој секогаш се труди да ве поддржи и да ви понуди помош за да се чувствувате подобро. Ако вашиот сакан е секогаш тука за вас, ова е неговиот начин да ви каже „те сакам“.

извор и фото: srbijadanas.com