Слатка истанбулска ноќ: Торта која ги освојува сите сетила и се подготвува многу лесно! – ММС
ММС

Објавено на: 02/14/22 10:14 PM

Слатка истанбулска ноќ: Торта која ги освојува сите сетила и се подготвува многу лесно!

Состојки:

– 125 гр маргарин

– 4 лажици мед

– 4 лажички шеќер

– 100 гр чоколадо за готвење

– 100 гр мелени бисквити

– 100 гр мелени ореви

– 200 гр пржен сусам

Подготовка:

Во тавче на умерена температура растопете ги маргаринот, медот, чоколадото и шеќерот, мешајте додека не се соединат. Додадете пржено семе од сусам, ореви и бисквити и измешајте сè заедно.

Добиената маса истурете ја на алуминиумска фолија, завиткајте ја додека е топла, ставете ја во фрижидер да се стегне и исечете и послужете кога ќе се излади.

Извор: Стил.курир.рс

Фото:Shutterstock