Mногумина животот не можат да си го замислат без својот омилен напиток. Една шоља кафе секогаш е добредојдена за убав почеток на денот. Но сепак прекумерното пиење кафе, посебно ако и често пиете енергетски пијалок, кои содржат кофеин, може да ве донесе до зависност. Ги извојуваме најчестите знаци дека на вашето тело не му се допаѓа преголемата љубов кон кофеинот.
ИМАТЕ ГЛАВОБОЛКА
Истражувањата покажале дека повеќе од 50% луѓе кои редовно пијат кафе, имаат умерена до силна главоболка ако само едeн ден пропуштат да се напијат кафе.
СРЦЕТО ВИ Е ВО ПЕТТА БРЗИНА
Ако вам срцето ви чука и прескокнува откако сте испиле една шоља кафе, постои голема веројатност дека за тоа е виновен токму кофеинот. Некои луѓе чувствителни се и на мали количини кофеин.
ЧУВСТВУВАТЕ НЕМИР И ТЕГОБИ
Можеби тоа го предизвикало вашето утринско кафе. Некои луѓе се многу чувствителни на кофеин, па почнуваат дa имаат немир, надразливост и анксиозност дури и по само една шоља кафе. На некој дури му пречи и некофеинското кафе.
МРЗЛИВИ СТЕ И ЗБУНЕТИ
Се ве иритира ако не сте го испиле првото кафе? – Кофеинот е стимуланс кој дава енергија и подобро чувство, но ако сте лошо расположени кога нема да го испиете вашето кафе, тоа всушност покажува дека се станале зависни.
НЕ МОЖЕТЕ ДА ЗАСПИЕТЕ
Кофеинот го поткрева нивото на адреналинот, па може и затоа се чувстувате енергични и будни. Тоа може да ви помогне посебно во понеделник наутро кога е потребно екстра енергетко поткревање. Доколку пак кафето го пиете неколку часа пред да спиете, во текот на ноќта нема да можете да заспиете, а како резултат на тоа утрото ќе се чувствувате изморени и поспани.
СТЕ РАЗВИЛЕ ИМУНИТЕТ НА КОФЕИН
Ако мора да се напиете поголема количина на кафе за да ви ја поткрене енергијата, тоа би можело да значи дека вашето тело се навикнало на големи количини кофеин, и сте погодени од неговите ефекти. Со тоа влегувате во магичниот круг, затоа што пиете се повеќе и повеќе кафе.
ВЕ МАЧИ СИЛНА ГЛАД
Некои луѓе се обидуваат да го користат кофеинот за да го намалат апетитот, но многу кафе може да има спротивен ефект. Кофеинот ја зголемува работата на хормоните кои го стимулираат чувството на глад.
ЧУВСТВУВАТЕ ДЕКА НЕ МОЖЕТЕ БЕЗ КАФЕ
Ако размислувате за тоа да се откажете од утринското кафе, а сепак тоа во вас предизвикува благ паничен напад, нели тоа е знак дека ќе станете зависник? – Сепак, не се трудете наеднаш да го прекинете консумирањето на кафе, туку обидете се поретко да го консумирате инаку би можеле да бидете погодени од тежок замор и главоболка.