По принцот Чарлс, позитивна на ковид и Камила – ММС
ММС

Објавено на: 02/14/22 3:48 PM

По принцот Чарлс, позитивна на ковид и Камила

Сопругата на британскиот принц Чарлс, Камила, е заболена со коронавирус. Пред неколку дена и принцот беше позитивен на Ковид-19, а моментално двајцата се наоѓаат во изолација, објави Скај њуз.

Камила (74) примила три дози вакцина против Ковид-19, соопштија кралски извори.

Камила и Чарлс биле во контакт со кралицата Елизабета Втора, но засега таа нема симптоми на коронавирус.

МИА