Дизајнерите сакаат секоја нивна колекција да биде презенирана точно онака како што тие ја замислиле па за изгледот на манекенките од глава до пети постојано го осмислуваат. Посебно се води сметка з нивната фризура, а веднаш по ревијата се зборува за новиот тренд на фризурите кои ќе бидат иницирани токму од нив. Ова се трендовите кои ќе владеат оваа сезона.
ВИСОКА ПУНЏА
Така наречена „top knot“ пунџа оваа есен се враќа во неуредно издание, со што се олеснува нејзиното правење.
ОПУШТЕНИ БРАНОВИДНИ ПРАМЕНИ
Познат ви е оној опуштен изглед на коста, по малку и бушав кога ќе станете од спиење? – Токму ваквиот опуштен ефект е дел од трендот за следната сезона есен – зима. Должината на косата не е важна, овој тренд може да се примени и на долга и на кратка коса.
ВРАЌАЊЕ НА СТИЛОТ ОД 60 -ТЕ
Ако мислевте дека волуменозните фен – фризури дека никогаш повеќе нема да се вратат во мода, сте се лажеле.
View this post on Instagram
ФРИЗУРИ СО УКРАСИ ИНСПИРИРАНИ ОД 90 -ТЕ
Добро познатите 60 -ти не се единствена деценија од која се инспирирале дизајнерите. На ревиите може да се види дури и „цик -цак“ рајфови кои биле обожувани во 90 -те, а од истата таа причина датира и љубовта кон големите количини украси во косата.
АСИМЕТРИЈА И ТРАКИ КАКО ОМАЖ НА ФРИЗУРИТЕ ОД 80 -ТЕ
Ниту една модна недела не поминува без облека, додатоци, чевли и ризури настанати од впечатоци стилскиот најлуд моден период. Со доаѓањето на сезоната, тоа се гледа во асиметричниот начин на шишање и украсите како масивните траки.