Три лица се заразени со новата подваријанта на омикрон позната како „стелт” од кои две се од Скопје, а едно од Струмица, информираа за МИА од Министерството за здравство согласно податоците од лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институт за јавно здравје.
Извршено е секвенционирање на 41 позитивен примерок на SARS-CoV-2 од: Скопје – 13, Тетово – 4, Гевгелија – 4, Велес – 3, Кочани – 3, Свети Николе – 3, Неготино -2, Кавадарци – 2, како и примерок од: Охрид, Струга, Куманово, Струмица, Гостивар, Валандово и Виница. Кај 35 примероци беше докажана BA.1 сублинијата на омикрон. Кај три примероци беше докажана BA.2 сублинијата на омикрон – позната уште и како „stealth” (два се од Скопје и еден од Струмица).
Во државава се уште циркулира и делта варијантата (B.1.617.2), докажана кај три примероци од кои двајца од Гевгелија, а еден од Велес. Кај два примерока е потврдено присуството на Influenza H3N2, посочуваат од Министерството.
МИА