Смртоносниот делта полека се намалува во светот, а сè поголем број луѓе се инфицираат со омикрон, за кој научниците веруваат дека дава поблага клиничка слика.
Веќе има два нови соеви – стелт омикрон и делтакрон, но експертите велат дека сè уште нема причина за загриженост и дека овие мутации најверојатно ќе доведат до ендемски карактер на корона вирусот во наредните години.
Но дали е тоа така?
Тројцата научници сметаат дека не е така и дека не смееме да се опуштиме мислејќи дека соевите само ќе станат послаби, бидејќи може да се случи спротивното – некои од следните да станат посмртоносни. Тие ги објаснија и причините зошто е тоа така, заблуда во која веруваат повеќето луѓе и предупредија дека не смееме да се „коцкаме“.
„По омикронот ќе има повеќе соеви, а доколку полесно се пренесуваат ќе станат доминантни. Тие можат да предизвикаат различни обрасци на болести, па можно е да бидат посмртоносни или да остават повеќе долготрајни последици“, изјави Дејвид Набаро, специјален пратеник на Светската здравствена организација.
Тој додаде дека охрабрувањето на заштитата преку вакцинација и почитувањето на мерките е единствената исправна работа за да се спасиме себеси и другите.
„Пристапот кој не ги охрабрува луѓето да се заштитат е опасно коцкање со потенцијално сериозни последици“, рече тој.
Професорот Лоренс Јанг од Универзитетот во Ворвик вели дека е опасно да се мисли дека развојот на соеви е целосно линеарен.
„Еволуцијата на вирусот не функционира на тој начин, тоа не е права линија помеѓу алфа, бета, делта и омикрон. Идејата дека вирусот ќе стане поблаг е погрешна, бидејќи некој нов вид може да биде попатоген од делта, предупреди тој.
Професорот по епидемиологија Марк Вулхаус од Универзитетот во Единбург исто така се согласува,и наведува дека некои работи е невозможно да се предвидат кога станува збор за пандемија.
Омикрон не дојде директно од делтата, туку се разви во сосема поинаков дел од „семејното стебло“ на вирусот. А бидејќи не знаеме во кој дел од него ќе се појави следниот вид, не можеме да предвидиме колку ќе биде опасно. има и шанси да биде поопасно“, рече тој.
Извор: mondo.rs