Кога некој ќе спомне во иста реченица море и Шпанија, веќе внимателно слушате. Се чувстува мирисот на солта во воздухот, пецкањето на сонцето и моменалната желба да ја посетите Мајорка, Ибица и Кадакес или сите три места веднаш и одеднаш. Затоа, пакувајте ги куферите со овој текст ве носиме на заслужен одмор. На ред дојде еден голем рестарт од напорните денови. Овој пат, сакате да се препуштите на уживање, но и на добрата забава. Јасно е дека мора да се упатите кон Шпанија, кон морето, плажите, сангријата и сонцето.
Ви претставуваме три дестинации кои веднаш вашиот одмор ќе го претворат во уживање, но ако сте за добра забава и тоа го има. Затоа Шпанија е вистински избор за сите оние кои сакаат и да се одморат, но и да се забавуваат.
Мајорка е најголемиот остров во Шпанија кој се наоѓа во Средоземното море и е доста популарна туристичка дестинација, која исто така е омилена помеѓу шпанската кралска фамилија. Во себе спојува величенствена природа и разноличен ноќен живот. Со други зборови, има се, од трикизно сино море и бели песочни плажи, преку национални паркови и културни знаменитоси како што е Кралската палата, замокот Белвер и галеријата со дела на познатите шпански уметници, Пабло Пикасно, Мироа, Далија. Но тоа не е доволно, Мајорка може повеќе, но од хедонистички аспект.
Затоа топла препорака е да се пробаат специјалитетите како што е вкусната колбасица која Шпанците ја викат „sobarssada“, супа со месо и нормално задолжителното утринско уживање кое подразбира кафе со десерт, од некоја локална слаткарница.
Ако е Мајорка вашиот избор, имаме неколку конкретни предлози. Бидејќи островот стана синоним за масовен туризам, една хотелска оаза може да ви ја смири душата и едноставно да се препуштите на уживањето.
„La Residencia“ сместена помеѓу маслинките. Место каде може да се повлечете од вревата, таму сигурно ќе го најдете вашиот мир а доколку посакате да уживате во храната и пијалоците, туристите ви ги препорачуваат „Santi Taura“, „La Bóveda“ и „Teixits Riera“ каде ќе уживате во локалните специјалитети.
Ја познаваме како кралица на забавата и журките кои траат 24/7. Ако тоа вас помалку ве ограничува, затоа што прво на листата ви е уживањето, тоаш сугестија е сепак да и дадете шанса на Ибица. Пронајдете го мирот во скриените оази, а ние ја предлагаме плажата „Cala Huclar“ на која единствена музика која може да ја слушнете се звуците на брановите. Сепак да не ја пропуштите забавата во вечерните часови можете да ги посетите дискотеките, рестораните, кафулињата. Не за џабе Ибица има репутација на No.1 место со најдобар ноќен живот.
Кога сте на Ибица, може да престојувате во хотелот „Mirador de Dalt Vila“ кој вас сосема пристојно ќе ве дистанцира од големиот број на туристи. Почастете се со специјалитети од риба во ресторанот „Es Torrent“, а во „Can Salinas“ нарачајте „fideua“, тоа е паста која е навистина вкусна.
Овој пат мораме да го споменеме градот Кадакес, кое претставува боженство на земјата. Таму времето како да застанало, медитеранот каков што некогаш бил, улиците и тесните сокачиња се прашливи, слатките куќи даваат посебен шмек на ова рибарско селце, а мештаните питоми, гостопримливи и топли. Градот во себе чува еден интимен каталонски дух, па и да не ве чуди фактот зошто токму ова место бил најчест избор на големите боеми и уметници како што се Пикасо, Миро, Матисе и Дизни.
Преубавите плажи на Кадакес се создадени за уживање, а ако сакате да го видите морето и од вашата хотелска соба тогаш го препорачуваме хотелот „Calma Blancu“. Задолжително вкусете грилована риба која може да ја најдете во ресторанот „Es Baluard“, велат прекрасна е.