Играчот на ЛА Ремс стана татко среде Супербол – Никој не му кажа дека на полувреме се породила жена му – ММС
ММС

Објавено на: 02/14/22 11:00 AM

Играчот на ЛА Ремс стана татко среде Супербол – Никој не му кажа дека на полувреме се породила жена му

Суперболот не разочара ниту оваа година затоа што ЛА Ремс и Синсинати приредија вистински спектакл и драма, но финалната вечер цел живот ќе ја памети Ван Џеферсон.

„Вајлд ресиверот“ на ЛА Ремс не само што стана првпат шампион, туку во иста вечер стана и татко по вторпат. Во текот на неговиот најважен натпревар во кариерата, односно за време на полувремето кога настапуваа бројни рап ѕвезди како Доктор Дре, Еминем и Снуп Дог, неговата сопруга итно замина во болница затоа што почувствува контракции.

Џеферсон не беше извесен се додека натпреварот не заврши, па после кратко славје во соблекувалната истрча од стадион во болница за да ги слушне убавите вести.

Неговата сопруга Самарија се породи и на свет донесе здраво машко бебе.

Извор: Mondo.rs