Здравство најави, а МОН не знае кога ќе се спроведе скринингот во училиштата – ММС
ММС

Објавено на: 02/14/22 10:36 AM

Здравство најави, а МОН не знае кога ќе се спроведе скринингот во училиштата

Сеуште не се знае кога ќе започне скринингот на учениците во училиштата, подетална информација нема ниту министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. Како што вели тој Министертсвото за здравство соработува со Комисијата за заразни болести кои денеска имаат состанок, на кој состанок ќе се донесат одлуки кога би започнал скринингот.

„Немам никаква информација кога почнува, важно е дека процесот е во тек, со добрата комуникација децата кои се позитивни комунираат со училиштата веднаш по појавување на симптомите не одат во училиштата. Мислам дека првото барање што беше за одложување од две недели го поминавме, сега сме во другата фаза од образовниот процес и сите со добра соработка ќе може да го поминеме“, рече министерот Шаќири.

Во Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) пак се бараат повисоки плати, како резултат на покачувањето на минималната плата на 18.000 денари. На оваа тема министерот истакна дека во тек се разговори со засегнатите страни и верува дека во текот на идниот месец ќе се најде решение за овој проблем.

„Јас претходната недела имав состанок со претседателот на СОНК и двајца претставници од таму. Отворени сме за комуникација, оваа недела пак ќе реализирам состанок на кој освен од МОН ќе присуствуваат и претставници од Министертсвото за финансии, дали ќе биде кон крајот на оваа или почетокот на следната недела. Овој процес по покачување на минималната плата се разгледуваат сите можности и има неколку најави и од претседателот на Владата каде побарав да се изгласа Законот за наставници кој е во собраниска постапка, каде во самиот закон има бодови за поголеми коефициенти за покачување на платата. Ќе бидеме отворени за најбрзо време, имаме оставено еден период во месец март каде ќе дадеме одговор за овој многу важен процес кој сега влегуваме да комуницираме“, рече министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.

За најавениот штрајк од СОНК доколку не се реалзиираат нивните барања, министерот рече дека од штрајкот нема никој придобивки и затоа тој инсистира за диркетната комуникација со СОНК да продолжи за да се избегне штрајкот.

„Избегнувањето на штрајкот е да најдеме договор за повисока плата, следниот период е клучен за комуникација помеѓу важните институции“, рече министерот Шаќири.

Г.Д