„Не би го посакала тоа никому“ – Наташа Беквалац прозборе за злоставувањето од бившиот сопруг – ММС
ММС

Објавено на: 02/14/22 8:56 AM

„Не би го посакала тоа никому“ – Наташа Беквалац прозборе за злоставувањето од бившиот сопруг

Пејачката Наташа Беквалац во април 2018 година доживеа физичко насилство од нејзиниот поранешен сопруг Лука Лазукиќ со кој ја има ќерката Катја, а сега дури реши да проговори за тоа низ што поминала.
-Бев тазе породена и многу чувствителна. Тоа беше период кога не ме интересираше што ќе каже јавноста, почнав да ја водам мојата борба, многу стресна и многу тешка, но неопходна за мене бидејќи тоа беше мое дете. Не можам да најдам пристоен збор за да опишам како се чувствував тогаш, како да не вредев, навистина ужасно. Не би го посакала тоа на ниту едно суштество на планетава, јас сум емпатична, презирам секакво насилство. Дали се извинил, дали го видел детето? Со таа личност немам контакт три години и тоа е целата вистина – открива Беквалац и додава:

-Никогаш повеќе не би се омажила, мислам дека дури три пати покажав дека можам да го направам тоа, но мислам дека веќе нема смисла. Барам нешто повеќе од тоа. Секојдневно ми растат критериумите, но не затоа што се сметам за дива и недопирлив, туку не сакам ништо просечно, затоа што и јас не сум просечна – завршува Наташа во емисијата „Премиера – Специјал за викенд“.

Извор и фото: kurir.rs