„Конвојот на слобода“, канадскиот протест против антиковид мерките, се движи кон седиштето на ЕУ и покрај забраната на белгиските власти, јавува дописничката на МИА од Брисел.
Федералната полиција на Белгија преку Твитер ги предупреди граѓаните денеска да не доаѓаат во Брисел со автомобил бидејќи се забранети сите протести со моторни возила.
„Конвојот на слободата“ што потекнува од Канада, каде со недели се парализирани клучни инфраструктури, се сели во Европа. После Париз, возачите на камиони и други моторни возила се решени да демонстрираат и во Брисел, седиштето на институциите на Европската Унија.
BREAKING: Macron’s forces unleash tear gas on freedom demonstrations in Paris, some hits café full of families pic.twitter.com/xFoyzI2vy4
— Honkmaster Poso 🎺 (@JackPosobiec) February 12, 2022
Според информациите објавени во белгиските медиуми, европските демонстранти од „Конвојот на слободата“ синоќа од францускиот град Лил одлучиле да се насочат кон Белгија и Брисел во текот на ова утро и повикуваат да им се придружат сите лица кои се противат на рестрикциите поврзани за пандемијата.
Бидејќи белгиските власти ја забранија оваа демонстрација, полицијата најави засилени контроли на сите моторни возила во Брисел денеска. Медиумите забележале поставени барикади за протести во повеќе делови од градот уште вчеравечер.
PARIS – Interpellations, charges et gaz lacrymogène : incidents toujours en cours sur les #ChampsElysees. #ConvoidelaLiberte #ConvoiFrance2022 pic.twitter.com/QufmsPnEsY
— Clément Lanot (@ClementLanot) February 12, 2022
„Конвојот на слободата“ во Канада доведе до итни мерки од страна на властите и парализа на главниот град.
Полицијата во Брисел најави дека првично ќе им се приближи на демонстрантите за да ги информира дека протестот не е дозволен.
Протестот вчера помина и низ Париз каде тензијата била максимална.
МИА
Фото: Video printskrin Tviter