Среде криза АЕК за автомобили ќе потроши 200.000 евра – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/22 2:15 PM

Среде криза АЕК за автомобили ќе потроши 200.000 евра

Агенцијата за електронски комуникации одлучи да се возат во нови возила од марката „Hyundai“ и вкупно за седум возила ќе платат речиси  200.000 евра.

Тендерот го доби компанијата „МИ-ДА Гранд Моторс“ која за оваа сума треба да испорача шест хибридни возила за АЕК и едно полуксузно седан возило од марката „Hyundai Sonata“ кое чини речиси 44.000 евра. За шесте пак  хибридни автомобили кои чинат по околу 25.000 евра за едно, АЕК ќе плати 151.000 евра.

Според спецификациите на новите автомобили , Седанот мора да биде со црна металик боја, затемнети задни стакла со УВ заштита, ЛЦД екран од најмалку 10 инчи, камера со приказ од 360 степени, греење на предни и задни седишта и волан.

Шесте хибриди со малку поскромни спецификации, треба да бидат бели, но екранот да биде 8 инчи, а греење на седиштата не е задолжително.

Новите возила ќе се купуваат поради застареност на другите кои ги има компанијата, стои во образложението на огласот.

Последните возила во АЕК се купени во 2015 година. Директор на АЕК е Јетон Акику од 2021 година.

(В.М.)

фото: hyundai-mk.mk