Плејбој моделот Луана Сандиен тврди дека на жените не им треба партнер за да доживеат оргазам на Денот на вљубените, 14 февруари. Таа сака да ја промени перцепцијата за најромантичниот ден во годината па вели дека ќе го помине сама.
– Кога ќе се видам себеси во огледало, веднаш се возбудувам. Да се биде автосексуалец, како што јас гледам, е исто што и независна личност.
Оваа разведена убавица вели дека не размислува за врска со било кој во моментов и ужива во самотијата која била најдобрата работа што жената може да ја направи за себе.
Луана минатиот јуни изјави дека ма автосексуална ориентација, односно ужива да биде во врска со себе.
– Тоа значи дека се привлекувам самата себе. Отсекогаш се чувстував така, но не знаев дека постои збор за тоа. Убаво е да знам дека не сум луда, ниту нарцисоидна, тоа е нешто кое го имаат многу луѓе како искуство. Не сум единствена. Колку и да звучи тоа секси, а е секси, тоа е некој вид љубов кон себе на стероиди – порача таа.
Автосексуалност се случува кога личноста се возбудува поради сопствената еротичност.
Извор: Mondo.rs
Фото: playboy.co.za/