Мицкоски продолжи со отчетот и кога снема струја -За ВМРО-ДПМНЕ е замолчување на демократијата – ММС
ММС

Објавено на: 02/13/22 6:44 PM

Мицкоски продолжи со отчетот и кога снема струја -За ВМРО-ДПМНЕ е замолчување на демократијата

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение во кое се сомнева дека тоа што снемало струја во Скопје и околината е замолчување на демократијата и бара одговорност од власта за тоа што се случило.

„Токму во моментите кога лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски даваше отчет за сработеното во првите сто дена снема струја во објектот на Македонска Филхармонија.

Мицкоски продолжи со отчетот и во услови на немање на струја со својот говор.

Власта на СДСМ ДУИ дoлжи одговори и одговорност зошто снема струја?

Бараме одговорност, затоа што никој не смее да ја замолчува демократија.“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.